за

Смрзнувачко возење за сопствениците на Aston Martin

Благородната британска марка со вишок коњски сили повторно организира возење на нејзините модели на замрзната подлога – без брзински и без просторни ограничувања.

Aston Martin и во претстојниот февруари ќе им понуди можност на своите авантуристички расположени возачи да ги искусат перформансите и на моделите на марката во една од најсуровите и најтешки природни средини во САД. По премиерата во минатиот февруари, Британците најавуваат враќање во автентичниот „западњачки“ град Крестед Бати, во срцето на Карпестите планини во Колорадо, во втората сезона на возења полни со возбуда и луксузен животен стил.

Сопствениците на Aston Martin што ќе се „квалификуваат“ за учество во програмата ќе возат три дена на тест полигон со површина од 4 хектари, за чијашто подготовка е ангажиран тим од 250 лица. Експерти на Aston Martin веќе неколку недели работат на подготовка на „патеките“ за слалом, за лизгање, совладување свијоци и владеење со сопирачките во услови на возење на мраз. По совладувањето на техниките за возење во овие услови, учесниците ќе можат да се „пуштат“ по замрзнатата патека долга повеќе милји.

Aston Martin V12 Vantage во полн зимски елемент на минатогодишниот настан на Карпестите Планини во Колорадо
Aston Martin V12 Vantage во полн зимски елемент на минатогодишниот настан на Карпестите Планини во Колорадо

„Aston Martin On Ice“ е само еден од настаните што марката ги организира за своите возачи. Во февруари 2015 ќе се вози на мраз и во Лапонија, на патека се вози во Спа Франкоршамп, Аскари, Филип Ајленд, Таупо (Нов Зеланд), се возат и тури по Алпите, во француските вински региони … условот за учество е сепак да се поседува Aston Martin.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спектакуларно одбележување на 20-годишнината на Ford во Македонија

Десетте најскапи олдтајмери во 2014 вредат вкупно 150 милиони долари