Ford гледа зад аголот: Камера вградена во предната маска

Возачите можат само да претпоставуваат дали зад следниот агол се крие некоја опасност. Заради избегнување на овој фактор на несигурност, Ford започна со вградување камера во самиот нос на возилото.

Марката со синиот овал воведува нова техника на камери, која што овозможува возачот буквално да погледне зад аголот додека се приближува до крстосница со слаба видливост. Новата камера во почетокот е достапна само за вановите S-Max и Galaxy, чијашто продажба започнува наесен. Доплатата изнесува околу 900 евра, вклучувајќи во пакетот и камера за возење во рикверц и паркинг сензори во предниот и задниот браник.

Предната камера е вградена во маската и покрива подрачје од 180 степени пред возилото. Нејзината функција е да види пред возачот дали на напрегледните крстосници наидуваат други возила, велосипедисти или пешаци. Возачот ја активира камерата со притискање копче и ја добива сликата директно на дисплеј од 20 сантиметри. Камерата е голема само три сантиметри и се мие со вода при секое вклучување на бришачите.

Camera-fact-sheet

Претходна објаваСервисен центар на Ми-Да: Одговорноста на синиот овал
Следна објаваChevrolet го најавува новиот Cruze преку соопштение напишано во „Emoji“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here