Колекционерите на тркачки олдтајмери се подготвуваат за наддавањето што аукциската куќа Bohnams ќе го одржи на 26-ти јуни. Се продава Porsche RS-61 на тркачката легенда Сер Стирлинг Мос.
Познатата аукциска куќа Bohnams на крајот на јуни ќе го понуди на наддавање автомобилот со којшто Сер Стирлинг Мос победуваше на Тарга Флорио во светските шампионати со спортски автомобили во 1956, 1959 и 1960 година. Вредноста што Porsche RS-61 се очекува да ја достигне на наддавањето изнесува меѓу 2,5 и три милиони долари, но со оглед на неговата историска важност, вредноста може да зголеми и неколкупати од првичните процени. Наддавањето ќе се одржи на 26-ти јуни во рамките на Фестивалот на брзината во англискиот Гудвуд. Малечкото, но брзо возило во совршена реставрирана состојба, со број на шасија 718-070, на наддавањето го нуди лично Сер Стирлинг Мос.
















