Mercedes е најиновативна марка во последната деценија

Диодните светла на Mercedes CLS се меѓу најважните иновации во автомобилската бранша во минатата година

Според една студија, Mercedes е најиновативна марка од премиум сегментот, со најмногу светски новитети. Марката со ѕвездата понесе дури три титули на „Наградите за автомобилски иновации за 2015 година“.

Според студијата на Pricewaterhouse Coopers, Mercedes е најиновативна автомобилска марка во премиум сегментот, Daimler е најиновативен концерн во подрачјето на алтернативниот погон и Mercedes има воведено најмногу иновации во последната декада. Тоа се трите титули што ги освоиja Mercedes и концернот Daimler на доделувањето на наградите за иновации во подрачјето на автомобилизмот за оваа година. Свеченоста се одржа на крајот на април во Франкфурт на Мајна.

Престижното купе од класата S поседува активна контрола на подвозјето, за спречување на навалувањето на каросеријата во свијоци
Престижното купе од класата S поседува активна контрола на подвозјето, за спречување на навалувањето на каросеријата во свијоци

Специјалната награда за „најиновативна марка во последната декада“ му припадна на Mercedes, со голема предност пред останатите кандидати. Mercedes влезе во трка со 578 единечни иновации и 183 светски новитети. Меѓу највпечатливите иновации се вбројуваат радарскиот темпомат Distronic Plus со Stop&Go Pilot, којшто самостојно ја смалува брзината кога напред има побавно возило и самостојно забрзува и забавува при застој на патот, потоа штедливиот хибриден погон во S 400 Hybrid и приспособливото подвозје Magic Body Control.

Во категоријата на најиновативни марки од премиум сегментот, Mercedes конкурираше со системот за спречување на навалувањето на каросеријата во свијоци во купето од класата S, потоа со диодните светла во CLS и со целиот концепт на моделот CLA Chooting Brake. За победата во третата категорија на алтернативен погон решаваше воведувањето на хибридниот погон со надворешно полнење во S 500 e и C 350 e, како и верзијата на класата В со погон само на струја.

Манифестацијата „Награди за автомобилски иновации“ се одржува веќе десетта година, при што се оценуваат техничките иновации на големите автомобилски концерни и нивните марки, според квантитативни и квалитативни критериуми. Како иновации се сметаат новитетите што нудат значителна дополнителна корист за клиентите. Предуслов е иновациите да се достапни во сериското производство или барем истите да се претставени во прототипи во напредна фаза.

mercedes e 500

Претходна објаваДали го ресетиравте авионот? Софтверска грешка во Boeing 787
Следна објаваТркачкиот Porsche на Сер Стирлинг Мос се продава за 3 милиони долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here