Volvo достигна 24.000 нарачки за новиот XC90

Швеѓаните веќе достигнаа половина од планираната продажба за големиот теренец XC90 за годинава. Испораката ќе стартува кон крајот на пролетта. Расте продажбата и на останатите модели.

Со 24.000 добиени нарачки за новиот XC90, пред испораката на моделот да започне кон крајот на пролетта, Volvo веќе обезбеди половина од планираната продукција од моделот за оваа година. Големиот теренец е прв модел што се базира на новата платформа на Volvo, којашто нуди голем напредок во сите подрачја, а особено во штедливоста и безбедноста.

Со претставувањето на XC90 продолжи да расте интересот на купувачите и за останатите модели од теренската понуда на шведската марка. Кросоверите XC60 и XC70 забележаа зголемена продажба од 17, односно 23 проценти во првото тримесечје од 2015 година. На глобално ниво, марката во сопственост на кинескиот Geely продаде 107.721 возило, со најголем раст на пазарите во Европа и во САД.

Велика Британија и Германија, како клучни пазари за Volvo во Европа, во првите три месеци донесоа раст во продажбата од околу 7 проценти. Најголема заслуга за тоа имаат моделите XC60 и V40, со вкупно продадени 43.522 примероци. Домашниот пазар на марката исто така забележа плус од околу 8 проценти, додека пазарното учество на Volvo се зголеми на 20 проценти. Најпродаван модел во Кина е кросоверот XC60, пред лимузината S60L, којашто наскоро ќе стартува со продажба на локалниот пазар во специјално развиената верзија со хибриден погон.

На глобално ниво, најпродаван модел во првите три месеци од годинава беше XC60 со 36.709 примероци, пред Volvo V40 и V40 Cross Country со 24.988 примероци и V60, додека трет најпродаван модел е V60 Cross Country со 14.002 примероци.

Претходна објаваДали новиот Lincoln навистина е дрска копија на Bentley?
Следна објаваMercedes ќе произведува автомобили во Русија?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here