Пребарувањето низ архивите на производителите секогаш открива нешто интересно. На овие фотографии од Chevrolet се гледа како автомобилите стојат исправени. Може да претпоставите зошто?
Во 1970-та година Chevrolet го претстави новиот Vega, малечок автомобил според американските стандарди. Со компактни димензии и четирицилиндарец од алуминиум, со брегасто вратило во главата, Vega беше замислен да им се спротивстави на Ford Pinto и AMC Gremlin. Бидејќи заработката на производителите е помала кај автомобилите од пониските класи, Chevrolet ја користеше секоја шанса за заштеда. Логистичарите се сетија дека можат да заштедат во железничкиот транспорт на возилата од фабриката до дистрибутерите. Во нормален случај, на еден вагон можеа да се качат по 18 примероци од Chevrolet Vega, распоредени во 3 катови.
Во Chevrolet смислија начин како да се превезуваат по 30 возила по вагон, место 18 – со исправување на возилата! За необичниот начин на превоз наречен „Vert-A-Pac“ мораше да се извршат и соодветни модификации во конструкцијата на возилото, за на пример да се избегне протекување на течностите во возилото. Поради тоа, акумулаторот имаше отвори за дотурање од задната страна, картерот имаше посебни прегради, а садот за течност за стаклата беше поставен под агол од 45 степени. Железничките вагони исто така мораше да се модифицираат за вертикалниот превоз на возилата. Автомобилите прво се поставуваа на ротирачка рампа покрај вагонот и се креваа по три одеднаш со помош на вилушкар.
Иако Vega достигна продукција од околу два милиона примероци и во почетокот се продаваше задоволително, модеот за кусо време се покажа како утка. Автомобилите се расипуваа брзо и ги нервираа сопствениците. По два сервисни повика за отстранување на дефекти што се релевантни за безбедноста, Vega конечно го доживеа пазарниот крај. Веројатно Chevrolet сакал да заштеди премногу.
















