Фирма-сестра на калифорнискиот интернет гигант го изнајми историскиот аеродром Мофет од агенцијата NASA за период од 60 години.
Google отсега располага и со сопствен аеродром во близина на седиштето на фирмата во Калифорнија. Фирма сестра на интернет гигантот го зеде историскиот аеродром Мофет под концесија во период од 60 години. За овој период, Google ќе треба да плати наемнина во висина од 1,16 милијарда долари, односно околу 930 милиони евра. Покрај тоа, Google ќе ги презеде и оперативните трошоци во висина од 6,3 милиони долари годишно и ќе инвестира преку 200 милиони долари во инфрастрктурата.
Аеродромот е оддалечен само неколку километри од главното седиште на Google во Маунтин Вју. Во рамките на аеродромот спаѓа и историскиот „Hangar One“ во когошто порано биде сместени цепелините. Поголемиот дел од објектот е уништен откако во него било утврдено присуство на отровни материи. Google ќе го врати аеродромот во функција и планира на него да врши истражувања на полето на аеро и астронаутиката, како и во роботска техника. Интернет компанијата досега го користеше аеродромот за тестирање на своите автономни автомобили, како и за чување на авионите на главните менаџери.
















