173
22 shares, 173 points

Наоѓање паркинг и плаќање, работно биро зад воланот, лична секретарка и поврзување со домот – сите тие услуги во иднина ќе бидат достапни во Volkswagen. Во развојот ќе помага Microsoft

Volkswagen склучи стратешко партнерство со Microsoft, за заеднички развој на голем индустриски облак, којшто ќе ги опфаќа идните дигитални услуги и решенија за мобилност на германската марка. Исто како останатите водечки производители на автомобили, Volkswagen во блиска иднина ќе нуди и нови услуги за мобилност, базирани врз дитигална техника. „Облакот“ е важен чекор во тој правец, затоа што ќе овозможи сите автомобили во возниот парк да бидат поврзани во една мрежа.

Според шефот на концернот Херберт Дис, „стратешкото партнерство со Microsoft е турбо за нашата дигитална трансформација.“ Од двата моќника во различните бранши се очекува да имаат централна улога во креирањето на иднината на мобилноста. Првиот човек на Microsoft, Сатја Надела, ја оценува соработката: „Пазарните лидери во цел свет го избираат Microsoft и се радуваме што Volkswagen се реши за Microsoft. Ние заеднички ќе го дефинираме возачкото искуство одново, за луѓето низ целиот свет.“

Со моделите од новото електрично семејство I.D. пристигаат и новите дигитални услуги во Volkswagen

По 2020 година ќе се продаваат по пет милиони нови автомобили од марката Volkswagen годишно, коишто ќе бидат целосно вмрежени и со тоа ќе претставуваат дел од таканаречениот „Internet of Things“ (IoT). Партнерството во почетокот има за цел да се создаде основата за автомобилскиот облак. Сите услуги во возилата од марката Volkswagen, како и дигиталната архитектура One Digital Platform, којашто ќе биде достапна за сите марки од концернот и базирана е на облак, во иднина ќе се создаваат врз основа на Azure, како што се нарекува облак-платформата на Microsoft, и ќе се користат услугите што ги нуди платформата, како Azure IoTEdge. Тој ќе овозможи поедноставување на техниката.

Volkswagen avtomobilski oblak 1
Грижа околу роковите за сервисирање, обновување и надградба на софтвер, преземање, пристап до функции и услуги, медиа-стриминг, барање паркинг и плаќање, лична секретарка, предвидување, подвижно биро, поврзување со паметен дом – сето тоа ќе биде достапно во моделите од матичната марка Volkswagen од 2020 година, а потоа и во останатите марки од концернот

Договорено е Volkswagen да основа нов развоен центар за автомобилскиот облак, во близина на седиштето на Microsoft во САД. Софтверскиот гигант ќе се погрижи околу привлекувањето на стручниот кадар, како и околу управувањето со проектот. Во центарот во иднина ќе работат околу 300 ИТ-специјалисти.

Решенијата кои ќе произлезат од партнерството, понатаму ќе се користат и во останатите марки од коцернот, на глобално ниво. На тој начин, таканаречениот автомобилски облак на Volkswagen ќе претставува основа за сите дигитални услуги и понуди на марките од концернот. Тоа се однесува на моделите од идното семејство електрични автомобили I.D., како и на автомобилите со обичен погон.

Volkswagen ќе биде новиот „Uber“ во Хамбург

Volkswagen стартува со брзо изнајмување возила в година


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

173
22 shares, 173 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743