Хибридна Киа Селтос премиерно на салонот во Париз

Во гамата на целосно новиот модел во понудата на Киа за Европа, на компактниот СУВ-модел Селтос, ќе се нуди и изведба со хибриден погон. На салонот во Париз ја придружуваат уште неколку новитети.

Главната тема на штандот на Киа на најголемиот автомобилски настан во Европа годинава е електрификацијата, и тоа во најразлични форми: Од обичен хибрид во Селтос и К4, преку спортски изведби на целосно електричните модели ЕВ3, ЕВ4 и ЕВ5, до исто така целосно електричното комбе ПВ5, во патничка и доставна изведба.

Почесното место на штандот на Киа на салонот во Париз 2026 ѝ припаѓа на хибридната изведба на Киа Селтос, моделска серија што во својата втора генерација се нуди првпат на европскиот пазар. Со големина слична со бестслерот Срортаж, но со сосем различен дизајн, Селтос досега се нудеше само во изведба со турбо бензинец од 1,6 литар.

Заедно со Селтос Хибрид, на штандот на Киа се уште К4 Хибрид – наследник на Сид – електричните ЕВ3, ЕВ4 и ЕВ5, сите во спортска ГТ-изведба, и патничката и товарна изведба од електричната ПВ5.

Селтос во претходната генерација го следеше бестселерот Спортаж во чекор, како втор најпродаван модел, успешен во САД, во Јужна Америка и во азискиот простор, но Европа изостануваше. Тоа се смени од летоска, а Селтос веќе се продава и на македонскиот пазар.

Селтос Хибрид е прв модел на Киа каде што погонот на задната тркала е остварен со електромотор, место со класично карданско вратило. Според Киа, тоа нуди прецизна распределба на вртежниот момент, подобрена тракција и зголемена стабилност. Компактниот СУВ е 4-ти модел на Киа со обичен хибриден погон во Европа, но и погон што изненади со растечка популарност, покрај Спортаж, Ниро и К4.

Производството на хибридниот Селтос стартува на 15-ти октомври во Јужна Кореја

Компактот К4, што доаѓа на местото на Сид, но место во Словачка, сега се произведува во Мексико, достапен е како комбилимузина и комби Спортсвагон. Просторноста е за еден број поголема во споредба со Сид.

Пет електрични модели на Киа во моментов се достапни во спортската и престижна изведба ГТ, соодветно на барањата на пазарот. На ЕВ6 ГТ и ЕВ9 ГТ, сега им се придружуваат соодветни изведби од ЕВ3, ЕВ4 и ЕВ5. Последниот од нив е електричен пандан на Спортаж.

Според АЦЕА, Киа е најбрзо растечка марка во Топ 10 годинава

Со раст од 9 проценти во првите осум месеци, Киа постигна најголем раст меѓу 10-те најпродавани марки во Европа, според бројките од европското здружение на производители на автомобили АЦЕА. Пазарниот удел изнесува 4,1 проценти.

Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

Претходна објаваФолксваген, Стелантис и Рено се здружуваат во европска „Голема тројка“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here