за

На македонскиот пазар во април продадени 137 нови автомобили

Во Македонија, во месецот во кој сé мируваше поради корона-кризата, продадени се 137 нови патнички автомобили и 19 нови лесни доставни возила. Вкупно од почетокот на годината, новорегистрирани се 1.502 возила од овие две категории.

Најпродавана марка во минатиот месец на македонскиот пазар била Toyota, со вкупно 19 нови автомобили. Втора е Skoda со 15 автомобили, на третото место е Fiat со десет возила. Вкупно 137 нови патнички автомобили. Во статистиката што е достапна за редакцијата и натаму отсуствуваат подетални податоци, меѓу другото и продажбата на останатите марки, како и продажбата по модели.

Во споредба со април лани, во Македонија тогаш биле продадени 557 нови автомобили, со водечка позиција за Skoda (77 возила), пред Volkswagen (73 возила), како и Peugeot, Ford и Opel, кои имале поголем заостаток зад водечките марки на германскиот концерн. Според тоа, во вториот „корона-месец“ сме имале четирикратно намалување на продажбата во државата.

Вкупно во првите четири месеци од 2020 година, во Македонија се продадени 1.502 лесни возила, вклучувајќи ги и доставните возила. Наспроти периодот од јануари до април лани, кога биле продадени 2.534 нови патнички автомобили и доставни возила, годинава имаме намалување од околу 59%, што сосем јасно произлегува како последица од корона-пандемијата и драстичниот пад во продажбата во април.

Најпродаваните автомобилски марки во Македонија годинава:

Јануари 2020
  • Škoda: 46 возила
  • Toyota: 45 возила
  • Citroën: 39 возила
  • Volkswagen: 33 возила
  • Opel: 23 возила
Февруари 2020
  • Škoda: 78 возила
  • Kia: 48 возила
  • Toyota: 40 возила
  • Volkswagen: 29 возила
  • Renault: 25 возила
Март 2020
  • Toyota: 41 возила
  • Škoda: 33 возила
  • Volkswagen: 28 возила
  • Fiat: 26 возила
  • Opel: 21 возила
Април 2020
  • Toyota: 19 возила
  • Škoda: 15 возила
  • Fiat: 10 возила

Низ салоните за автомобили, виртуелно

Низ салоните за автомобили, виртуелно

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Формула 1 продолжува на 5-ти јули во Австрија

Формула 1 продолжува на 5-ти јули во Австрија

Избрани четири градови со најдобра мобилност, два во соседството

Избрани четири градови со најдобра мобилност, два во соседството