за

Формула 1 продолжува на 5-ти јули во Австрија

Формула 1 продолжува на 5-ти јули во Австрија
Формула 1 продолжува на 5-ти јули во Австрија

Моторите во формула 1 ќе брмчат повторно на 5-ти јули во Австрија. Министерството за здравство во земјата го одобри безбедносниот концепт на организаторот на првата трка сезонава.

Формула 1 е подготвена за новиот старт. Кралската класа на мотоспортот ќе стартува во Австрија во првиот викенд во јули, по повеќемесечен прекин поради корона-пандемијата. Според соопштението од Министерството за здравство, концептот за заштита на здравјето што е предложен од организаторот ги исполнува тековните одредби за двете трки, на 5-ти и на 12-ти јули. Австриските трки ќе го одбележат почетокот на сезоната 2020.

Безбедносниот концепт за двојната трка за големата награда на Австрија пропишува пилотите и целиот персонал во формула 1 да се тестира пред пристигањето во Австрија. Покрај тоа, бројот на директно ангажирани лица на патеката треба да се сведе на минимум. Според организаторот, на трките во Австрија смеат да присуствуваат најмногу 2.000 лица. Се пропишуваат и дополнителни мерки, како сместување на тимовите во различни хотели.

По двете трки на Шпилберг, третата трка ќе се вози по тринеделна пауза во Будимпешта, на 19-ти јули. Оттаму „циркузот“ продолжува во Силверстоун, кадешто ќе се возат трки на 2-ри и на 9-ти август. Шпанското гран-при доаѓа на ред на 16-ти август, а две недели подоцна следи белгиската Спа Франкоршамп. По една недела ќе се вози трка за големата награда на Италија.

Потоа почнуваат патувањата преку океаните, со можност да се вози и во Германија, којашто отсуствува со свое гран-при во првичниот календар. Финалето во формула 1 традиционално ќе се вози во Абу Даби, во декември.

Сезоната требаше да почне уште на 15-ти март, со трката во Мелбурн/Австралија. Меѓутоа корона-вирусот ја стави скапата тркачка серија во мирување. Потоа беа откажани или поместени сите трки до крајот на јуни. Шефовите на Ф1 се надеваат дека годинава ќе се извозат најмалку 15 гран-при трки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наградена серијата на јутјуб „Becoming ID“ на Volkswagen

Наградена серијата на јутјуб „Becoming ID“ на Volkswagen

На македонскиот пазар во април продадени 137 нови автомобили