Шпански шпедитер ги претвора камионите во уметнички галерии на тркала

Шпедитерот и љубител на уметноста Хајме Колса е човекот заслужен за разубавувањето на шпанските патишта. Десет камиони се претворени во вредни уметнички дела на тркала од врвни имиња на уметничката сцена.

Шпанецот Хајме Колса е сопственик на шпедитерска компанија и ангажираше врвни уметници да насликаат десет камиони од неговата флота. Долгите страници на камионите ги красат најразлични мотиви, почнувајќи од обични скици во црно-бела техника, преку сцени како од стрип, до шарени психоделични средини. Целта е постигната. Сликите на камионите го привлекуваат вниманието, народот се интересира за уметничките имиња што стојат зад нив, а на крајот профитира и имиџот на шпедитерската компанија.

Без разлика дали сликите предизвикуваат зачуденост, изненаденост или можеби поттикнуваат вандализам или само ги насмејуваат минувачите, ваква забавна содржина ги прикажува камионите во сосема поразлично светло.

kamioni umetnost 13Хајме Колса ја основал шпедицијата во 2012 година, откако претходно работел како менаџер во DB Schenker и UPS. Неговото хоби е собирање уметнички дела и тој веќе поседува дела од повеќето уметници што работеа на неговите камиони. За останатите имиња од уметничката сцена, тој се советувал со неколку врвни галерии.

Десетте насликани камиони би требало да претставуваат само почеток на реализацијата на идејата, затоа што Колса планира и останатите камиони од неговата флота да ги префрли во улога на подвижни галерии. Шпанецот преговара и со конкурентските компании да ја следат неговата идеја и да се приклучат на проектот. Камиони не недостигаат, повеќе е проблем да се најдат доволно уметници.

kamioni umetnost 2

Колса не препуштил ништо на случајност, па своите возачи ги научил да ја раскажат приказната што ја содржат делата на нивните камиони. Некои од возачите се одушевени идеите, други се сосема рамнодушни за тоа што нивните камиони ги красат вредни уметнички дела. Насликаните камиони имаат корисна мисија. Тие обично возат надвор од бурните метрополи, каде што луѓето немаат чест контакт со уметноста. На овој начин, Колса ја носи уметноста директно до народот. Место народот да посетува галерија, галеријата го посетува народот.

Трансформацијата на обичните бели страници во уметност обично трае меѓу четири и десет денови, при што боите и фолиите се нанесуваат директно на камионот и остануваат трајно на возилото. Колса нема намера да ги продава насликаните камиони и планира уште долго да ги користи. Тоа што идејата потекнува токму од Шпанија, не треба да изненадува. Пабло Пикасо беше Шпанец.

Претходна објаваOpel ќе објавува реални вредности на потрошувачката
Следна објаваMitsubishi користи воена технологија за „самонасочувачки“ автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here