Возачите што имаат намера да престигнуваат на швајцарските автопатишта, во иднина ќе треба повеќе да притиснат врз гаста. Швајцарците решија да ја зголемат минималната брзина во лентата за престигнување.
Швајцарскиот народ е познат по смиреноста и опуштеноста, но во иднина ќе мора да научи повеќе да притиска врз педалот за гас. Швајцарскиот сојузен совет реши да ја зголеми минималната брзина на лентите за престигнување. Возачите што сакаат да ја користат левата лента на автопатиштата, во иднина ќе мораат да возат побрзо од 100 километри на час. Досега важеше ограничување на 80 километри на час. Сојузниот совет планира со оваа мера да го подобри сообраќајниот тек. Новото правило стапува во сила на 1-ви јануари 2016.
Нашите возачи можат само да сонуваат за воведување вакво правило, покрај редовната појава на „трки на слонови“ меѓу камиони на автопатиштата, хронично „леви“ возачи, и воопшто, неодговорност при возењето по брзите делници. Кај нас се пропишува само минимална брзина на возење на автопат, којашто изнесува 60 километри на час, но не и минимална брзина за користење на лентата за престигнување.















