
Доскорешниот дизајнер на Volkswagen, Лук Донкерволке, последен пат задолжен за дизајнот на возилата од марката Bentley, отсега ќе работи на изгледот на идните модели на Hyundai.
Лук Донкерволке е последното засилување во тимот на Петер Шрејер, дизајнерот познат по спектакуларниот изглед на првата генерација на Audi TT, а моментно главен дизајнер на сите возила во корејскиот концерн Hyundai Kia. Донкерволке пристига во корејскиот авто-прозводител со огромно искуство во дизајнирајнирањето возила. Белгиецот беше главен дизајнер во Lamborghini, Seat и Bеntley, претходно има работено и за марките Peugeot, Audi и Skoda, а има добиено бројни награди за неговите дизајнерски дела, меѓу другото за Lamborghini Murcielago и Gallardo, за актуелната Seat Ibiza и за студијата Tribu. Тркачкиот прототип Audi R8 Le Mans исто така потекнува од цртачката даска на Донкерволке.
Голема е веројатноста дека Шрејер го има повикано Донкерволке, како негов наследник во корејскиот гигант. Шрејер планира да се повлече за две години. Освен Audi TT, дело на Германецот се исто така Golf IV и New Beetle.















