Чудна новогодишна прослава: Фрлање автомобил во метро

Овие налудничави момци се до толку понесени од чинот на испраќање на старата година што решаваат и автомобилот од улица да го „испратат“ по ескалаторот, долу во станицата на метрото.

Во последниот ден од старата година, две чуда се случија во станица на метрото во Брисел. Првото чудо беше тоа што група налудничави момци сериозно се зафатија со идејата да фрлат автомобил по ескалаторот во метрото. Второто чудо беше тоа што никој не се повреди во овој будалест чин.

Необичниот настан се случи на 31-ви декември во 8 часот навечер во една од најпрометните станици на метрото во белгиската престолнина. Откако момците побегнале од станицата, полицијата ја затворила истата заради отстранување на струполениот автомобил во дното на ескалаторот. Станицата не работеше цел ден. Како што известуваат белгиските медиуми, дел од насилниците веќе се притворени. Уште не е разјаснето како автомобилот се нашол пред влезот во станицата.

https://youtu.be/jfsac7OFtPQ

Претходна објаваПет работи кои помладите возачи ги немаат слушнато
Следна објаваКуќарка за куче во форма на „Ленд Ровер“ можеби и не е лоша идеја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here