Куќарка за куче во форма на „Ленд Ровер“ можеби и не е лоша идеја

Столар од германскиот Бризеланг изработува оригинални куќарки за куче во форма на теренски автомобили, камп приколки, и бизнисот му успева одлично. Но, и цената не е „лоша“. Во секој случај, добра идеја.

Матијас Вилке има отворено малечка столарска работилница во германското гратче Бризеланг и меѓу другото изработува куќарки за куче во форма на автомобили и камп приколки. Тој ја добил идејата од клиент, кој побарал куќарка за куче што ќе се разликува од останатите. Вили така и постапил.

vili vud kukarki (3)Што се однесува до градбата, куќарките се изработени од шпер плоча, поседуваат топлинска изолација, отпорни се на вода и обично располагаат со преклоплив покрив, заради полесно чистење. Уникатна куќарка во форма на Land Rover Defender тежи 55 килограми и има внатрешни димензии 47 х 70 х 45 сантиметри. За цената треба однапред да се земе воздух: 2.200 евра чини британскиот теренски метузалем.

По желба, а и по соодветна цена, Вили ќе изработи и куќарка во форма на циркуска приколка со ламаринен покрив, обложена со буково дрво. Помалите „градби“ чинат помалку. Камп-приколка, на пример, со внатрешни димензии 29 х 49 х 29 сантиметри чини 680 евра. Во тој случај се чини дека е подобро прво да се избере куќарка, па потоа кучето за неа.

Како вреден столар, Матијас Вилке, познат како Вили-Вуд, изработува и преносна кујна за вистинските кампери, со цена од 430 евра – без опремата, секако. Но, очигледно не е се во желбата за работа, треба да се има и добра идеја.

Претходна објаваЧудна новогодишна прослава: Фрлање автомобил во метро
Следна објаваНовиот Audi A6 ќе го комплетира германското премум трио во 2017

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here