Хардкор од Маранело: LaFerrari XX конечно се покажа

Еден чешки фотограф успеа да направи фотографија одблизу на LaFerrari XX за време на тестирањето на прототипот од моделот на тркачка патека во Италија.

Автомобилот од чешкиот дизајнер Такис Каитацис во понеделникот беше претставен на тркачката патека Adria International Raceway во Италија. Среќа што Каитацис имаше камера со себе, затоа што во меѓувреме неочекувано наиде на LaFerrari XX. Екстремната верзија на LaFerrari што се подготвува за дуел со тркачкиот McLaren P1 GTR уште е под тешка камуфлажа, но некои детали сепак се покажуваат.
На задниот дел се воочува крајно необичниот спојлер во два дела, исто како и неколку подрачја на каросеријата во коишто е извршена дополнителна оптимизација на аеродинамиката, мошне важна за брзинското подрачје во коешто XX ќе се натпреварува со малкуте конкуренти. Според американските медиуми, моторот во LaFerrari XX ќе дојде до 1.050 КС, а премиерата се очекува во почетокот на декември, во Ferrari World во Абу Даби.

Претходна објаваAudi го има најбрзиот роботизиран автомобил во светот
Следна објаваСекое трето германско домаќинство поседува само велосипед

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here