Секое трето германско домаќинство поседува само велосипед

Еволуцијата во германските градови води кон велосипеди. Нагонот за докажување со бугарски мерцедеси и неискористениот јавен превоз доведе до автомобилска окупација на Скопје

Велосипедите стануваат главно превозно средство на Германците. Според статистиката, лани секое трето домаќинство во големите градови поседувало исклучиво велосипед.

Според сојузната служба за статистика на Германија, во почетокот на минатата година, дури 30 проценти од домаќинствата во градовите со повеќе од 500.000 жители поседувале само велосипед. Автомобилите и мотоциоклите повеќе не им се интересни на Германците во големите градови. Трендот го потврдуваат и производителите на велосипеди, коишто се соочуваат со растечки интерес на пазарот за т.н. градски велосипеди.

Најголем интерес меѓу урбаната целна група владее за велосипедите со менувач во осовина, којшто нема потреба да се одржува и сервисира, како и за градските велосипеди со електромотор (Е-Bike). Германските статистичари откриваат дека во последните десет години значително се зголемил бројот на домаќинства во половинамилионските градови коишто располагаат исклучиво со велосипед. Во 2003 година само 22 проценти од домаќинствата располагале само со велосипед.

Претходна објаваХардкор од Маранело: LaFerrari XX конечно се покажа
Следна објаваЕротски календар со Trabant

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here