Соларни панели можат да ја променат уличната слика на европските патишта во блиска иднина. Франција планира да ги покрие своите патишта со издржливи соларни панели кои ќе произведуваат струја.
Нова генерација соларни панели со огромна издржливост на напрегање ќе се користи за покривање на патишта во должина од 1.000 километри низ Франција. Тоа го потврди француската министерска за екологија Сеголен Ројал. Планот ќе се реализира во следните пет години. Фотофолтаичките панели се развиени од домашната градежна компанија Colas и од националниот институт за соларна енергија.
Системот од панели за производство на струја е наречен Wattway и ги издржува големите напрегања од сообраќајот, иако неговата дебелина изнесува само неколку милиметри. Дури и најтешките товарни возила не можат да му наштетат на овој иновативен слој. Според производителот, еден километар пат покриен со Wattway е способен да произведе струја за јавно осветлување за населено место со пет илјади жители.
















