Фабрика за електрични автомобили ќе проработи во Македонија до крајот на годинава

Екот на инвестициската и индустриска експанзија во Македонија ќе доживее кулминација откако кон крајот на годинава ќе започне со работа фабрика за монтажа на електрични автомобили според принцип на готови модули.

Македонија се придружува во елитата на индустриски развиените земји со денешното потпишување на договорот за изградба на модерна фабрика за монтажа на електрични автомобили во слободната економска зона во близина на Скопје. Партнер на овој историски најзначаен чекор во индустрискиот и економски развој на државата е кинескиот автомобилски гигант Liarinc Yuangshou, чијашто напредна технологија во најголем дел се базира врз непроценливата експертиза на Daimler на полето на електромобилноста. Марката Gingzhuao, како една од неколкуте автомобилски марки во рамките на концернот Liarinc, моментно е водечка на кинескиот пазар на електрични автомобили со моделот TZ5, со пазарен удел од преку 75 проценти. Во овој модел работи врвната техника од Mercedes B-Class Electric Drive.

Во почетокот ќе се врши завршна монтажа на готови модули испорачани од европски азиски добавувачи, со план во иднина да се преземе и локално производство
Во почетокот ќе се врши завршна монтажа на готови модули испорачани од европски азиски добавувачи, со план во иднина да се преземе и локално производство

Изборот на кинескиот партнер е вистински чекор, имајќи го предвид фактот дека големата азиска држава и моментно најголем пазар на автомобили во светот вложува рекордни суми во развојот и унапредувањето на електромобилноста на глобално ниво. Концернот Liarinc при изборот на локацијата за изградба на фабриката постави услови државата да доведе високи субвенции за купувачите на електрични автомобили, како поттик за продажбата, но и искажување грижа за зачувување на животната средина.

Во фабриката ќе се врши завршна монтажа на готови модули испорачани од европските и азиските добавувачи, со капацитет на 70.000 возила годишно. Во почетокот, половината од производството ќе биде наменета за извоз во блиските земји, со план капацитетот во иднина да се удвои со воведување нови модели и освојување нови пазари. Погоните ќе вработуваат 25.000 лица, чијашто квалификација ќе се врши во Daimler, паралелно со изградбата на фабриката во Скопје.

Засега се познати малку детали околу автомобилите што ќе се произведуваат во првата фабрика за автомобили во Македонија, но од разговори со неколку менаџери во компанијата дознавме дека првиот модел што ќе излезе од фабриката ќе биде кросовер со големина и дизајн сличен на актуелниот Mercedes GLC, кој ќе се нуди исклучиво со погон на сите тркала и само во едно ниво на опрема – врвното. Кинезите во понудата на модели настапуваат по принципот „нема доплата, се е веќе вградено во возилото.“

Кинескиот партнер ќе вложи милионска сума во изградба на мрежа од над 1.000 брзи полначи за струја на целата територија на Македонија
Кинескиот партнер ќе вложи милионски суми во изградба на мрежа од над 1.000 брзи полначи за струја на целата територија на Македонија

Теренецот со погон на сите тркала ќе минува до 400 километри со едно полнење на батериите, а благодарение на напредната технологија, полнењето на батериите ќе трае само 3,5 часови. Кинескиот партнер воедно се обврза да изгради мрежа од брзи полначи за струја по целата територија на Македонија, на коишто ќе се достигнува 80-процентна наполнетост на батериите за само 25 минути до половина час, по што возењето може да продолжи непречено најмалку 300 километри.

Изградбата на мрежата од полначи ќе биде на трошок на кинескиот партнер, чијшто план е во блиска иднина да го покрие целиот регион со возила со погон на струја и со соодветна инфраструктура, што досега ниту еден од западните индустриски гиганти не се сети да го преземе, иако загадувањето на воздухот во Македонија веќе со години достигнува алармантно ниво, токму поради отсуството на инвестиции во автомобилскиот сектор.

За висината на субвенциите уште не се откриваат детали, но се шпекулира дека нивната висина би можела да достигне и меѓу 7.000 до 10.000 евра, при замена на автомобил постар од 10 години со електричен автомобил. На тој начин, Македонија ќе им се придружи на Франција, Норвешка, Холандија и Велика Британија, кои им нудат слични повластици на купувачите што своите возила постари од десет години решаваат да ги заменат со електрични автомобили. Фактот што Македонија ќе има производство на електрични автомобили од кинески партнер, гарантира исклучително ниска цена, што значи дека со субенцијата практично би се покривала половината од пазарната цена на автомобилот.

Првите модели од новата фабрика се очекуваат да се најдат во продажба веќе во средината на следната година. Повеќе детали за проектот, по 1-ви април.

Претходна објаваБио-хибрид ја прикажува иднината на превозот низ градот
Следна објаваНад 100.000 нарачки за „евтиниот“ електромобил на Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here