Техника на Samsung ги прави камионите проѕирни

Влечкањето во колона зад камион е стандарден дел од возачката практика. Престигнување не е можно, нетрпението расте, опасноста е голема. Samsung има многу едноставно и дотолку подобро решение.

Секој возач мора да се соочи со ситуацијата. Човек само што ќе помисли дека го послужила среќата, за стотина метри подоцна да се разочара прилепувајќи се на опашот на колоната зад бавен камион. И секогаш прв зад камионот ќе биде некој колеблив возач што упорно останува залепен одзади, додека сите во колоната чекаат на решавачкиот чекор. Потоа ќе се најде некој локалец што залетан одзади ќе ги престигне сите во еден потег, па некој самоуверен возач од средината на колоната ќе се впушти во одмерување на возачките способности со него, па следува свирење и чкрипење некаде оздола … а камионот чиниш лази и лази сé побавно, времето одминува неповратно. И штотуку ќе се укаже шанса за престигнување, отспротива наближува иста таква колона.

Проблемот со прегледноста поради камионот напред сепак можело да се реши мошне едноставно. Samsung го разви концептот на Safety Truck, на чијшто опаш се поставени четири големи дисплеи со приказ од камерите во носот на камионот. Колку е едноставно, толку е генијално. Концептот моментно се тестира на патиштата во Аргентина, но мала е веројатноста дека техниката со големите дисплеи наскоро ќе се најде кај камионите. Шпедициите го штедат секој цент и трошокот за вградување на техниката на Samsung сепак би бил преголем за опремување на сите возила од возниот парк. Во секој случај, отрезнувачки свежа идеја.

 

Претходна објаваОвој Range Rover се вози преку мобилен телефон
Следна објава„Тајниот“ фејслифт на Volkswagen Sharan

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here