Теренецот на Jaguar постигна 3.000 продажби во мај

Пристигањето на спортскиот теренец F-Pace му донесе рекордна мајска продажба на Jaguar. Не постои друг модел во историјата на британската марка што се продавал побрзо од F-Pace.

Новиот Jaguar F-Pace е заслужен за рекордната продажба на Jaguar Land Rover во мај, со пораст од 18 проценти во споредба со истиот месец лани, односно со вкупно 45.946 продадени возила од двете марки во групацијата. Пет месеци по ред, британскиот производител под индиска капа бележи рекорди. За тие пет месеци, JLR постигна 245.100 продажби или за 23 проценти повеќе од лани.

За ваквата динамика на продажба придонесува и новиот модел во понудата на Jaguar, спортскиот теренец F-Pace, со над 3.000 продадени примероци низ светот во мај. Досега ниту еден друг модел на Jaguar не се продавал толку брзо како овој конкурент на Porsche Macan. Ова е прв полн месец на моделот во продажба. Во јуни ќе стартува продажбата на F-Pace и на пазарите во Велика Британија и во Северна Америка.

Европскиот пазар на Jaguar пораснал за 281 проценти

Land Rover и натаму е водечки производител на теренски возила во светот, со 34.313 продажби во мај, со Discovery Sport како бестселер, со 10.075 примероци. Jaguar подзаостанува со 10.633 возила во мај, што е за 90 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Тоа се должи на одличниот старт на F-Pace, но и на солидната продажба на XE и XF. Импресивна е вредноста на порастот на европскиот пазар на Jaguar, со 281 проценти. Во првите пет месеци од годинава, продадени се 48.480 примероци од автомобилите со дивата мачка или за 60% повеќе отколку во ланските пет месеци.

  Мај Промена во % Јан. – Мај Промена во %
Jaguar Land Rover 44,946 18 245,100 23
Jaguar 10,633 90 48,480 60
Land Rover 34,313 6 196,620 16

Претходна објаваПремиера на комби моделот од Mercedes E-Class
Следна објаваПрвото комби на Mercedes пристигна од Белгија пред половина век

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here