Транспортерот на база на класата Е досега не внимаваше особено на линијата. Но, како многу други работи во Mercedes, тоа се смени со новиот T-Modell. Пневматиката на задната оска е стандард, исто како и багажникот од 1.820 литри.
Комбито од класата E на Mercedes го имаше решавачкиот удар на тенискиот турнир во Штутгарт. Шестата генерација на T-Modell, како што традиционално се водат комби моделите во номенклатурата на марката, имаше премиера во рамките на купот на Mercedes. Како што стана вообичаена практика на марката, паралелно беше претставена и верзијата од AMG, со трилитарски V6 во моделската изведба Mercedes-AMG E 43 4Matic.
Тоа што T-Modell го има како екстра квалитет наспроти лимузината од E-Class секако е багажникот, а таму собира максимално 1.820 литри. Тоа е врвна вредност во класата, иако дизајнерите се погрижија да внесат малку подинамична нота во изгледот на опашот, што инаку би одело на сметка на транспортниот капацитет. Кон крајот на годинава, T-Modell повторно ќе биде достапен и со трет ред седишта, кој се собира во подот.
Основните и врвните моделски изведби пристигаат во последното тримесечје
Понудата од моделски изведби е иста како кај лимузината: E 200 со 184 КС и Е 220 d со 194 КС како основа на понудата, E 250 со 211 КС како привремен врв. Во последното тримесечје следуваат E 200 d со 150 КС, E 350 d и E 400 4Matic, последниов со 333 КС и 480 њутнметри. Сите модели стандардно се испорачуваат со 9-степен автоматик. Како прв член од моќниците во гамата пристига Mercedes-AMG E 43 4Matic со 401 КС, достапен исто така од последното тромесечје.
Технички податоци Mercedes E-Class T-Modell
| E 200 d | E 220 d | E 350 d | |
| Цилиндри / Конструкција | 4/R | 4/R | 6/V |
| Зафатнина (cm3) | 1.950 | 1.950 | 2.987 |
| kW / КС при 1/min | 110/150 при 3.800 | 143/194 при 3.800 | 190/258 при 3.400 |
| Вртежен момент (Nm при 1/min) | 360 при 1.600-2.800 | 400 при 1.600-2.800 | 620 при 1.600-2.400 |
| Потрошувачка NEDC (l/100 km) | 4,2 | 4,2 | 5,4 |
| CO2-Emission (g/km) | 109 | 109 | 140 |
| 0-100 km/h (s) | – | 7,7 | 6,2* |
| km/h | – | 235 | 250 |
| E 200 | E 250 | E 400 4MATIC | E 43 4MATIC | |
| Цилиндри / Конструкција | 4/R | 4/R | 6/V | 6/V |
| Зафатнина (cm3) | 1.991 | 1.991 | 3.498 | 2.996 |
| kW / КС при 1/min | 135/184 при 5.500 | 155/211 при 5.500 | 245/333 | 295/401 при 6.100 |
| Вртежен момент (Nm при 1/min) | 300 при 1.200-4.000 | 350 при 1.200-4.000 | 480 | 520 при 2.500-5.000 |
| Потрошувачка NEDC (l/100 km) | 6,2 | 6,2 | 7,9 | 8,4 |
| CO2-Emission (g/km) | 138 | 138 | 180 | 192 |
| 0-100 km/h (s) | 8,1 | 7,2 | k.A. | 4,7 |
| km/h | 231 | 243 | 250 | 250* |
Стандардната големина на багажникот изнесува 670 литри и тоа меѓу најдарежливите понуди во сегментот. Новитет е можноста задната клупа да се исправи за 10 степени, со што се обезбедуваат дополнителни 30 литри простор. Доплата за поделена задна клупа во сооднос 40:20:40 повеќе не е потребна. Соборувањето по електричен пат се врши преку прекинувачите во багажникот или копчињата странично од клупата.
Цела европалета во багажникот на транспортерот од E-Class
Како еден од ретките во класата, во багажникот на E-Class T собира цела европалета. Практичната двојна прекривка остана од претходникот, со подигнување под дејство на електромотор при отворање на капакот. Електромоторите за ракување со задниот капак следуваат како стандард, новитет е опционалниот сензор под браникот, кој реагира на движење со стопалото и го отвора или затвора капакот. Mercedes нуди и опција за посебни држачи со коишто може безбедно да се прицврсти различен товар во багажникот, вклучувајќи и шини по коишто лизга подот.
Со пневматска амортизација на задната оска и автоматско дотерување на висината на опашот во зависност од товарот излегува секој примерок од T-Modell од фабриката. На тоа се должи и носивоста до 745 килограми, како и тежината на приколка до 2,1 тон. Секако дека и кај комбито може да се доплати за пневматика и на предната оска.
Носач за четири велосипеди со вкупна тежина до 100 килограми
Камперите и занаетчиите ќе го ценат тоа што влечната кука сега се собира и извлекува по електричен пат, доаѓа заедно со специјална контрола на стабилност при влечење приколка и асистенција при страничен ветар – како опција. Иновација на Mercedes се двата држачи за велосипед изведени во самата кука, на коишто може да се постават до четири велосипеди со вкупна тежина до 100 килограми.
[FAG id=24634]


















