Првите примероци од новата Mazda2 денес се симнаа од производствените ленти во Тајланд. Возилата се наменети за австралискиот пазар. Подоцна ќе започне производството и за другите пазари во југоазискиот регион. Европскиот пазар ќе се покрива со возилата што од октоври ќе почнат да се произведуваат во новата фабрика на Mazda во Мексико. Во јули стартуваше производството на новата Mazda2 во фабриката во Хофу за покривање на побарувачката на јапонскиот пазар.
„Огромен предизвик е да се стартува со производство на нов модел во толку кус период во три различни фабрики низ целиот свет“, изјави првиот човек на Mazda, Масамичи Хогаи на одбележувањето на стартот на производството на најмалиот модел на марката за глобалниот пазар. „Нашата јапонска фабрика во Хофу е матична фабрика и ќе се погрижиме возилата од Тајланд и Мексико да ги исполнат истите високи стандарди за квалитет како возилата од Јапонија.“
Претходната генерација на Mazda2 исто така се произвдуваше во фабриката во Тајланд. Меѓу септември 2009 и јули 2014, Mazda произведе во Тајланд 183.000 примероци од конкурентот на VW Polo.
















