Од љубителите на тврдокорните теренци на Toyota: Собир на 750 „Ландкрузери“

Од олдтајмери стари по 60 години до примероци свежо излезени од салон – во германското гратче Шторндорф се собраа 750 теренци на Toyota да ги демонстрираат своите можности.

Под името „Буштакси“ или во спободен превод „шумско такси“, во гратчето Шторндорф, во близина на Фулда, Германија, веќењ традиционално се одржува меѓународниот собир на сопственици и љубители на теренските возила на Toyota. Во оваа година, на средбата пристигна рекорден број примероци од моделите Land Cruiser, Hilux и слични на нив – дури 750. Покрај примероците стари по повеќе од 60 години, присуствуваа и нови примероци ки штотуку ја почнуваат „валканата“ кариера надвор од асфалтираните патишта.

На 13-то „буштакси“, авантуристите раскажуваат за нивните случки од патувањата низ Африка или по арапскиот полуостров, а посебен момент беше вклучувањето во живо од двајцата авантуристи со Land Cruiser при нивното патување по „Патот на свилата“ во Пакистан. Масовниот собир е добар и за бизнис. На средбата присуствуваа 35 трговци со специјален прибор за теренски возила, како и каросериски работилници што вршат преправки на истите. Заедницата на љубители на теренските возила на Toyota во Европа брои преку 400.000 лица.

Претходна објаваПикап од наелектризирана сорта: Nissan Sparky
Следна објаваСтартуваше производството на новата Mazda2 во Тајланд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here