Словачките фабрики за автомобили во недостиг од работна сила

На фабриките за автомобил во Словачка им се потребни најмалку 14.000 квалификувани работници. Според здружението на производители на автомобили во земјата, состојбата е алармантна.

Здружението на производители на автомобили во Словачка бара владата да донесе итни мери за надминување на сериозните проблеми со коишто се соочува оваа индустриска гранка. Повеќе години во земјата се врши двојна обука во училиштата за занаети и во фирмите, според примерот од Австрија и Германија, но тоа повеќе не е доволно за покривање на потребите на автомобилската индустрија.

Сметајќи по глава на жител, Словачка е најголем производител на автомобили во светот. Лани во земјата се произведувале по 191 автомобил на 1.000 жители. Четири големи концерни веќе произведуваат во Словачка, вклучувајќи го и Jaguar Land Rover. Покрај фабриките на Volkswagen, PSA Peugeot Citroen и Kia, постојат уште илјадници погони на добавувачите за снабдување на фабриките со автомобилски компоненти. Паралелно со тоа се зголемува и потребата од работна сила.

Земјата со над пет милоони жители ги привлече производителите на автомобили со квалификуваната и во исто време евтина работна сила по распадот на комунистичката тешка индустрија. Но, заедно со нерентабилните државни фирми, се затворија и центрите за обука од коишто долг период се покриваше потребата од работна сила.

Претходна објаваInfinity Q60 одликуван со престижната iF Design Award
Следна објаваМексиканскиот Nissan Sunny заминува по три децении производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here