Во каква средина добивате најголема инспирација? Land Rover им го постави ова прашање на 900 директори низ светот и дојде до неколку интересни заклучоци.
Британскиот специјалист за теренци Land Rover спроведе глобално истражување меѓу 900 шефови на извршни одбори и менаџери од највисок ранг, барајќи одговор за средината во којашто тие добиваат најголема инспирација за креативни идеи. Според истражувањето, 84% од бизнис лидерите веруват дека средината е важна за поттикнување на креативноста. Меѓу пресудните три физички фактори, 23 проценти од директорите го ставаат свежиот воздух, 18 проценти го наведуваат чувството на простор, додека 5 проценти сметаат дека природните материјали се добри за инспирација. Од психолошките фактори најчесто се избирани комфорот (64%), располагањето со време за размислување (61%) и чувството на релаксираност (41%).
Понатаму, студијата наведува дека 48 проценти од директорите сметаат дека домот е најдоброто место за креативноста, а секој петти директор (18%) смета дека најдобрите идеи ги добива во автомобилот. Психологот Кери Купер оценува: „Студијата наведува на заклучок дека автомобилите можат да ги понудат вистинските психолошки и физички услови за креативноста. Честопати, креативната мисла надоаѓа кога најмалку ја очекуваме, додека сме релаксирани и не мислиме на проблемот.“ Експериментите докажале дека најголемата креативност следува кога допаминот се лачи во мозокот при секојдневни или инстинктивни активности, вклучувајќи го и возењето автомобил.
Секој десетти директор во студијата на Land Rover одговорил дека повеќе од 25% од работното време го минува во автомобил. Со тоа се потврдува големото внимание што Land Rover, односно луксузната подмарка Range Rover го посветува во изработката на ентериерот и воопшто на целото возило. Гери Мекговерн, главниот дизајнер на марката, објаснува како Land Rover го постигнува тоа: „Во ентериерот постои ред и визуелна логика, како средина што поттикнува смиреност и спокој, чувство на возвишеност по коешто Range Rover е прочуен.“
















