Седум автомобили ја минаа последната фаза до прогласувањето на носителот на титулата на Автомобил на 2015 година. Победникот ќе биде познат во март, на салонот во Женева.
Утврден е конечниот список на кандидати за финалето на изборот на „Автомобил на 2015 година“. Седум возила доспеаја до завршната фаза: BMW серија 2 Active Tourer, Citroën C4 Cactus, Ford Mondeo, Mercedes-Benz класа C, Nissan Qashqai, Renault Twingo и Volkswagen Passat. Генералниот секретар на жирито, Франк Јансен, наговестува „исклучително силна завршна рунда со јасно тежиште на германските производители на автомобили.“
Седумте кандидати се избрани од жири составено од 58 автомобилски новинари од 22 држави. Вкупно 31 возило ги исполнија критериумите за изборот. На втори март 2015, на салонот во Женева ќе биде одликуван најдобриот новитет на годината. До прогласувањето на победникот преостануваат интензивни тест возења. Критериумите според коишто се оценуваат возилата се: Иновативност, квалитет, противвредност и дизајн. Завршното доделување на гласовите ќе се одржи во живо на салонот во Женева.
















