за

Amazon.com: Поради грешка стотици артикли продадени за едно пени

Поради софтверска грешка, стотици продукти во петокот се продадоа за само едно пени на британскиот Amazon. Тоа им предизвика огромни загуби на продавачите, имиџот е уништен.

Поради грешка во една алатка за автоматско приспособување на цените, во петокот стотици продукти од секаков вид се продадоа за 1 пени на британскиот Amazon. Грешката со прениските цени ја предизвика грешка во RepricerExpress. Некои трговци претрпеле штета во висина од десетици илјади фунти. RepricerExpress продава софтвер којшто автоматски ги утврдува цените на продуктите според цените на конкуренцијата. Во петочното попладне софтверот не работеше правилно и илјадници производи се продадоа за само едно пени, вклучувајќи испорака. Приходот за Amazon сепак останал непроменет.

За кусо време, неколку продавачи преку Amazon изгубиле десетици илјади фунти. Amazon продолжил да ги испорачува производите и да ги наплаќа своите трошоци и покрај поплаките на продавачите. На страницата за поддршка на RepricerExpress, клиентите се жалат дека целиот инвентар буквално го подариле бесплатно за само два часа. Голем број корисници објавиле на Twitter, одушевени од ниската цена на производите кај Amazon во Британија.

Некои продавачи стравуваат дека поради софтверската грешка ќе мораат да ги затворат вратите. RepricerExpress објави дека добил гаранција од Amazon дека продавачите „нема да бидат казнети“ за оваа грешка. Што точно значи тоа, засега никој не може да потврди.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar Land Rover гледа низ столбови и следи автомобили-духови

Седум финалисти за автомобил на 2015 година