Седум финалисти за автомобил на 2015 година

Седум автомобили ја минаа последната фаза до прогласувањето на носителот на титулата на Автомобил на 2015 година. Победникот ќе биде познат во март, на салонот во Женева.

Утврден е конечниот список на кандидати за финалето на изборот на „Автомобил на 2015 година“. Седум возила доспеаја до завршната фаза: BMW серија 2 Active Tourer, Citroën C4 Cactus, Ford Mondeo, Mercedes-Benz класа C, Nissan Qashqai, Renault Twingo и Volkswagen Passat. Генералниот секретар на жирито, Франк Јансен, наговестува „исклучително силна завршна рунда со јасно тежиште на германските производители на автомобили.“

Седумте кандидати се избрани од жири составено од 58 автомобилски новинари од 22 држави. Вкупно 31 возило ги исполнија критериумите за изборот. На втори март 2015, на салонот во Женева ќе биде одликуван најдобриот новитет на годината. До прогласувањето на победникот преостануваат интензивни тест возења. Критериумите според коишто се оценуваат возилата се: Иновативност, квалитет, противвредност и дизајн. Завршното доделување на гласовите ќе се одржи во живо на салонот во Женева.

Претходна објаваAmazon.com: Поради грешка стотици артикли продадени за едно пени
Следна објаваPorsche.com.mk е автомобилски сајт на годината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here