Санката на Дедо Мраз е црвена Ford Fiesta

Вработените во фабриката на Ford во Келн изработија специјална божикна санка од делови од каросеријата на Ford Fiesta и ја „извозеа“ низ погоните делејќи божикни подароци.

Во фабриката на Ford во Келн се појави необична божикна санка. Таа е составена од делови од каросеријата на Ford Fiesta и претставува дел од акцијата што ја замислија вработените во производството на возилата. Каросеријата беше обезбедена директно од лентата за пресување на ламарина, а вработените во лакирницата пронајдоа и соодветна боја – тркачки црвена, металик. Лицата задолжени за погонот ја влечеа божикната санка низ производствените хали на Ford и на вработените им поделија вкупно 4.000 чоколадни фигури.

Секоја година во погонот за завршна монтажа на Ford во Келн се составува мал тим кој е задолжен за досетливото божикно дарување.

Претходна објаваFord тројно ќе ја зголеми продажбата на спортски теренци
Следна објаваНовиот Audi Q5 уловен на тестирање во Поларниот Круг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here