Дали автомобилите во иднина треба да изгледаат како овој Green Skin? Каросеријата е покриена со трева и придонесува за пречистување на воздухот. Зошто ли креаторите на овој автомобил не се сетиле на калиум-магнезиум-ацетат?
Во светот се чини е потрошен сиот калиум-магнезиум-ацетат, штом еколошки организации експериментираат со идеи како оваа во рамките на пилот-проектот „Green Skin“. Тоа сигурно ќе им звучи комично или недоветно на идејните творци на кампањата воздухот да се пречистува со некојси ацетат, но покривот, хаубата, багажникот и страниците на овој Smart Fortwo се обраснати со трева заради испробување на техничката изводливост, автомобилите да „раззеленат“.

Борци за зачувување на животната средина во рамките на проектот moovel lab со овој автомобил ја тестираат прифатливоста на идејата за „тревни“ автомобили во јавноста. Идејата во секој случај е на место, затоа што тренд во светот е фасадите да се прекриваат со трева и на тој начин да се зголеми површината под растенија, што ни ја прават средината попријатна и воздухот почист.
Ефектот е апсорбција на честичките PM10, пречистување од СО2 и „ладење“ на градовите
Тревата по површината на каросеријата на автомобилите ќе ги апсорбира ситните неразградливи и канцерогени честички PM10, ќе го подобри квалитетот на воздухот и ќе го намали влијанието на „топлинските острови“, односно ефектот на повисока температура на воздухот во градските средини, наспроти воздухот во преградијата и во природата. Површина од еден квадратен метар покриена со растенија од фамилијата sedum, пречистува околу 1,4 килограм СО2 за една година. Smart fortwo има површина од 5 метри квадратни, што значи дека може да пречистува околу 7 килограми СО2 годишно.
Moovel lab е интердисциплинарен тим, чијшто примарен интерес во истражувањето се „процесите на движење“ во урбаните средини. Место со конвенционални методи на анализа и презентација, тимот користи експлоративни проекти за перцепирање на однесувањето на луѓето во градските средини.
Наивната идеја, воздухот да се пречистува со мистериозниот калиум-магнезиум-ацетат, луѓето во тимов се чини воопшто не ја земаат во предвид за разгледување.
















