Роботи ги „возат“ автомобилите на Audi

Од почетокот на месец февруари, два роботи во фабриката на Audi ги пренесуваат автомобилите од производствената лента до паркиралиштето. Потоа, овие безвозачки транспортни системи соодветно ги групираат готовите возила според нивното крајно одредиште, за вработените во одделението за логистика полесно да ги натоварат на воз. Идејата за овие роботи со име Ray потекнува од баварскиот производител Serva и на фирмата ѝ донесе номинација за германска награда за иновација во 2013 година.

Ray се движи самостојно и поседува висока приспособливост. Роботот се состои од фундамент долг шест и широк три метри, којшто преку сензори ги одредува положбата и димензиите на возилата и се поставува соодветно.

audi ray 1audi ray 2

Претходна објаваVolkswagen го откажува Polo со две врати
Следна објаваВелосипедот од карбон на Audi чини 17.500 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here