Велосипедот од карбон на Audi чини 17.500 евра

Спортскиот дизајн и лесната конструкција се меѓу главните одлики на автомобилите на Audi. Отсега тие се достапни и на „две тркала“. На салонот во Женева е промовиран првиот тркачки велосипед на Audi изработен со примена на висока технологија и карбон, којшто ќе биде достапен во ограничена серија примероци. Audi Sport Racing Bike е развиен во соработка со фирмата CarbonSports и се одликува со уникатна концепција. Боите ги одреди дизајнерското студио на Audi во Минхен, а седиштето е обложено со скапа телешка кожа, идентична со онаа на седиштата на новиот Audi R8. Рамката тешка 790 грами и бандажите се изработени од карбон, конкретно од карбонски влакна со спецификација Т1000, којашто се користи во кокпитот на тркачкиот Audi R18 e-tron quattro. Резултатот е велосипед со спортскиот дизајн на Audi, со тежина од само 5,8 килограми. Серијата ќе се произведе во само 50 примероци, секој од нив снабден со плочка со сериски број од 1 до 50. Audi Sport Racing Bike чини 17.500 евра и може да се нарача уште веднаш во quattro GmbH или кај секој партнер на марката со четирите прстени во светот.

audi sport racing bike

Претходна објаваРоботи ги „возат“ автомобилите на Audi
Следна објаваВака изгледа рекордниот круг на Honda Civic Type R на Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here