Образованието во Германија очигледно функционира беспрекорно. Тринаесетмина практиканти тјунираа Volkswagen Golf којшто во моментов е меѓу главните атракции на собирот покрај езерото Вертер во Австрија. Тоа е нивното екстерно.
Тие го следеа „повикот на езерото“. Тринаесетмина практиканти на Volkswagen од Волфсбург пристигнаа на традиционалниот собир на GTI покрај езерото Вертер во Австрија, за на неговото 34-то издание да го прикажат премиерно својот Golf GTI Dark Shine со 395 КС. Предниот дел од возилото е лакиран во „дајтона сива металик“, додека опашот е во уникатната Р-жолта боја со бисерен ефект, па оттаму доаѓа и „DarkShine“ во името.
Dark Shine е осмо возило што практикантите во VW го имаат подготвено за „ГТИ-Трефен“
Од првите скици до премиерата во Рајфниц пред околу 150.000 фанови на GTI, двајца автолакери, четворица тапетари, четворица автомехатроничари, еден претставник за медиумите и по еден процесен механичар за пластика и каучук, самостојно го испланираа секој чекор и разменуваа идеи, со цел да го покажат најдоброто што го знаат и што го научиле за време на тјунирањето на овој Golf.

Техничарките и техничарите на возраст меѓу 17 и 25 години работеа на изгледот и техниката на возилото во минатите девет месеци, користејќи гола каросерија од Golf GTI Performance испорачана од Volkswagen. Дволитарскиот мотор TSI сега ослободува 395 КС и постигнува вртежен момент од 487 њутнметри при 4.700 вртежи. Издувниот систем од благороден челик е заварен рачно, додаден е и Carbon-Airbox, посебно се модифицирани интеркулерот и контролната електроника на моторот и на менувачот со двојна спојка.
Кожените седишта од Recaro се лакирани во сиво, односно во истиот тон како каросеријата, со титански црна алкантара во средината на седиштата и во впечатлив контраст со жолтите натписи GTI и штеповите. Воланот исто така е обложен со алкантара, а ознаката за „12-часот“, штеповите и пречките се лакирани во Р-жолта боја, исто како и украсните лајсни околу инструментите и самите стрелки во инструментите.
Уникатниот Dark Shine не се продава, останува во сопственост на VW
Доработката продолжува со врвно озвучување од 3,5 киловати, со осум звучници во кабината и три сабвуфери во багажникот. Средната кутија за длабок бас е осветлена со светлечки диоди и делумно е застаклена, а во истиот стил е изведен и засилувачот, којшто е вграден во подот на багажникот. Со системот се ракува преку таблет. Golf GTI Dark Shine е осмиот „практикантски GTI“ што доживува премиера во Рајфниц.
















