Пикап од наелектризирана сорта: Nissan Sparky

Американските инженери на Nissan имаа уникатна идеја: Да спојат пикап, како најпопуларна сорта на автомобил во САД, со електричен погон, чија што популарност на пазарот расте постојано.

Nissan е марката што се вбројува меѓу предводниците на трендот на кросовери. Овој спој на повеќе различни видови на возила во едно сега доживува кулминација. Инженерите во центарот за тестирање на Nissan во Аризона изработија уникат со техника од електричниот Leaf и од пикапот Navara. Трансформацијата започна со отсекување на покривот од предните седишта наназад, со отстранување на задната клупа и вградување на нејзино место на товарната платформа од пикапот Navara. Погонот остана стандарден, односно електромотор со 109 КС.

Проектот првично требаше да послужи како вежба на техничарите, но очигледно е дека сите се одушевени од резултатот, така што пикапот со електричен погон сега се користи како сервисно возило на тест патеката во Аризона.

Видео од уникатниот Nissan Sparky
https://www.youtube.com/watch?v=-c-ydWELnhc

Претходна објаваГерманците предводат и во електричните автомобили
Следна објаваОд љубителите на тврдокорните теренци на Toyota: Собир на 750 „Ландкрузери“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here