Ова се велосипедските трендови за 2015

Легендарниот Brompton е стилски англиски велосипед со преклоплива рамка и задна амортизација, којшто се изработува во близина на Лондон

Нови модели на велосипеди и корисен прибор нé очекуваат во новата сезона на две тркала во урбаното секојдневие. На автомобилите и автобусите можеме спокојно да заборавиме.

Класичниот изглед се враќа кај градските велосипеди. Еден од највпечатливите модели од новиот тренд го нуди кај нас релативно непознатата марка Winora. Моделот Aruba чини околу 700 евра и поседува осумстепен менувач интегриран во оска, динамо во оска и V-сопирачки, поради што велосипедот бара минимално одржување. Поради отсуството на амортизација, велосипедот е лесен и се вози поспортски. Алуминиумските калници, гумите во кремаста боја и кожените делови му даваат препознатливост на Aruba.

Winora Aruba

Багажниците се неопходност во градското секојдневие. Производителот Ortlieb го нуди комплетното решение Single-Bag QL3, вклучувајќи ташна и багажник – по цена од 225 евра. Ташната е изработена од поливинил и не пропушта вода, а внатре собира документи со големина А4, коишто се заштитени од превиткување. Секако дека има и практичен ремен за носење на рамо. Прицврстувањето на ташната на

Ortlieb Single-Bag QL3
Ortlieb Single-Bag QL3

багажникот е едноставно и безбедно. Иновации не недостигаат во возбудливиот свет на две тркала. Од безбедносно совесната Шведска доаѓа воздушната перница за велосипедисти Hövding (299 евра). Воздушната перница е сокриена во еден вид „околувратник“ и се надувува кога сеизмичките сензори ќе препознаат опасност од пад. Според Швеѓаните, ова решение нуди подобра заштита отколку класичен велосипедски шлем. Втората генерација на Hövding е полесна и попријатна за носење, а се нудат и неколку различни декорации.

Специјалистот Selle Royal во новата сезона ги нуди седиштата од серијата Becoz, со цена од 60 евра. Седиштата се изработени од „рилсан“, биопластична маса што во целост е изработена од растителни ресурси, исто како и слојот од гел и плутените делови. Предноста на Becoz, којшто се нуди во три различни положби на седење, секако дека е во ергономијата. За заштита од дожд стојат на располагање обвивки од серијата Second Skin, со цена од 8 евра, достапни со различни мотиви. Идејата е да се избегне натопување на кожата, односно бавното сушење. „Втората кожа“ може да се носи и трајно, заради заштита или при оштетување на седиштето.

Дождот е непријател и на погонската спрега – на синџирот и запчениците. „Carbon Belt“ од производителот Gates нуди поинакво решение. Овој запчест ремен зајакнат со карбонски влакна се користи со ременик, нема потреба од одржување, не се троши и не е чувствителен на временски влијанија. Ременот е достапен во две изведби, со цена од 60 и 90 евра, во различни должини и бои. Преправката е можна само кај специјални рамки со поделена задна вилушка.

Gates Carbon Belt
Gates Carbon Belt

Освен погонската спрега, има и многу други подрачја што бараат подмачкување, како лежишта, навои и сајли. За нивното одржување е наменет „Bio Grease“ од производителот Muc-Off, со цена од 13 евра за туба од 150 грами. Универзалната маст не користи петрохемиски додатоци, штити од вода и нечистотија и добро се прилепува, заради подолготрајно дејство.

Muc-Off Bio Grease
Muc-Off Bio Grease

Добра нега заслужува и велосипед како Felt York, со цена од 600 евра. Овој еднобрзинец со изглед на класичен спортски велосипед е опремен со флипфлоп-оска. Може да се монтира фиксен или слободен заден запченик или два запченика со различна големина, при што преносот се менува со завртување на задното тркало. Алуминиумските калници и робусниот преден багажник се изработени квалитетно.

Ентузијастите што сакаат својот велосипед да го користат и како ѕиден украс можат да се обратат во Cycloc. Ѕидниот држач Hero чини 50 евра, достапен е во повеќе бои и велосипедот се закачува лесно за педалата. За да биде „под вага“ служат два држача за велосипедот. За педалата „Moto Urban“ на производителот Moto можеби нема да има доволно место на овој држач. Станува збор за една од најинтелигентните изведби на педала за секојдневието. Големата нагазна површина е заштитена од лизгање со посебна лента, така што и чевли со мазен ѓон нема да лизгаат на педалата. Изработката е од шпер плоча, поставена на пластична основа. Со педалите се испорачуваат четири резевни ленти против лизгање.

Felt York
Felt York

Легендарниот Brompton е стилски англиски велосипед со преклоплива рамка и задна амортизација, којшто во поголемиот дел се изработува во фабриката во близина на Лондон и чини околу 1.250 евра. Овој исклучително компактен велосипед денес се нуди во најразлични варијанти. Brompton нуди избор од три менувачи, голема палета на бои, како и делови од титан, заради пониска тежина.

Brompton

Класичниот изглед е основен белег на Century, стилизирана гума од Schwalbe, којашто се нуди дури и во „британска тркачка зелена“ боја. Гумата со цена од 25 евра и големина од 28 инчи се изработува во различни ширини, од 28-милиметарска спортска изведба, до 50-милиметарска балонска изведба. Интересни се натписите на страниците во бела, сива или кремаста боја.

Schwalbe Century
Schwalbe Century

Претходна објаваNissan Juke Nismo RSnow: Снегот не може да го изненади
Следна објаваКаков избор на користено возило е Peugeot 307

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here