за

Nissan Juke Nismo RSnow: Снегот не може да го изненади

Како што снеговите постојано нé изненадуваат, многумина посакуваат автомобил што временските непогоди не ги признава како пречка. На пример, Juke RS со гасеници.

Nissan Juke обично не е автомобил за бркање по теренот, уште помалку кога се работи за специјално дотераната варијанта од сопственото одделение за мотоспорт Nismo. Но, работите се менуваат драстично кога автомобилот ќе го преземе во свои раце еден специјалист за преправка на возила од Финска. Нивниот RSnow се претвора во супер-ратрак.

JUKE NISMO RSnowNissan го нарача овој уникатен модел како придружно возило во рамките на една зимска промоција на своите возила. Стандардните тркала на најлутата верзија на Juke со 218 КС беа заменети со гасеници, со коишто се вози и управува исто како без нив. Ваквите преправки се вообичаени за големите американски пикапи и теренци, но излегува дека истите му прилегаат одлично и на компактниот Juke. Не само што му прилегаат, туку дивиот кросовер со нив добива и фантастично растојание од подлогата и бестрашност од длабок снег. За модификацијата сепак беше потребна мала интервенција во каросеријата, заради дополнителен простор за гасениците во поткрилата. Покрај тоа, Nissan ја преработи соодветно и електронската контрола на автоматскиот погон на сите тркала. Сетот гасеници, инаку, чини околу 9.000 долари. Интересна идеја во секој случај.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Безбедносен пропуст во BMW: Два милиона возила се отклучуваат со мобилен!

Ова се велосипедските трендови за 2015