Направи сам: Го-карт од дрво за 575 долари

Принципот на „Икеа“ се чини дека функционира и кај автомобилите – барем кај малечките, наменети за забава на тркачка патека. Фирмата Flatworks го испорачува го-картот во пакет, составувањето е со сопствен труд.

Го-картот од фирмата Flatworks се нарекува PlyFly и тој се разликува од другите по материјалите што се користат. Повеќето компоненти се дрвени. По нарачката на китот, купувачот добива три кутии. Во едната се дрвените делови, во другата е „хардверот“, а во третата е моторот. Купувачот треба само да ги отпакува компонентите, да ги подготви деловите и сам да го состави малечкото тркачко автомобилче.

PlyFly го користи моделот на финансирање преку толпа. За 575 долари се добива го-карт, но во тој случај моторот мора да се набави самостојно. За комплетен сет се потребни најмалку 745 долари, но со мотор од само 2,5 КС. За модел со 4 КС треба да се доплати уште 100 долари. Фирмата досега има собрано преку 40.000 долари, со што се надмина целта од најмалку 36.000 долари. Многу среќа со составувањето на го-картот!

plyfly

Претходна објаваНова норма ќе донесе пореални вредности на потрошувачката
Следна објаваЧетириесеттонски камион на струја вози за BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here