На два класичари на BMW им се позлати воланот

Купето од серијата 6 на BMW од 1970-те години и незаборавната серија 02 се победници во изборот на читателите на Auto Bild Classic. Врачувањето на наградите за првпат беше организирано во новиот центар за историските возила на групацијата BMW во Минхен.

Во јубилејната година на BMW се одбележуваат и родендените на два култни модела, кои и по половина век предизвикуваат одушевување кај љубителите на историските автомобили. Тоа се покажа и во гласањето на читателите на Auto Bild Klassik, коишто ги избраа серијата 02 од 1966 година и купето од серијата 6 од 1976 година.

Свеченото врачување на наградите за првпат беше организирано во новиот центар за историски возила на BMW во Минхен. Објектот е од историско значење за BMW, изграден во 1918 година како прва хала за индустриско производство на моторите на BMW.

bmw 2002 tii_1

Со победата во категоријата на лимузини, BMW 02 во годината на неговиот златен јубилеј го добива и одликувањето со „златен волан за класични автомобили“. Пред половина век, BMW 1600 ги постави основите за новата моделска серија со компактни димензии, моќни мотори, напредно подвозје и темпераментни возни својства. Сето тоа резултираше со одлични продажби на моделот, кој денес ужива ценет статус како јангтајмер.

Врвот во серијата беше BMW 2002 turbo со 170 КС

Додатокот 02, за посочување на каросеријата со две врати, до денес е синоним за „радоста во возењето“. Спортскиот карактер на серијата 02 се докажа со BMW 2002, со дволитарски мотор, чијашто моќност од почетните 100 КС достигна максимум од 170 КС во BMW 2002 turbo. Топ-моделот во серијата 02, претставен воочи големата нафтена криза во 1973 година, беше прв европски автомобил од сериско производство со турбокомпресор за зголемување на моќноста.

bmw 2002 tii_2

Во гамата на BMW 02 беше понудена и кабриолет изведба, а подоцна и практична комбилимузина со голем заден капак и со ознака Touring. Производството траеше до 1977 година, иако наследникот, BMW од серијата 3, стартуваше со продажба уште во 1975 година.

Серијата 6 со комбинација од спортски возни својства и просторна кабина

Меѓу „евергрините“ на BMW се вбројува и купето од серијата 6, коешто годинава го освои „златниот волан за класични модели“ на Auto Bild Klassik во категоријата на спортски автомобили и купеа. Првата генерација на овој модел се произведуваше дури 13 години, подолго од кој било друг модел на BMW. Производството на моделот стартуваше во пролетта 1976 година. Купето понуди свежа комбинација од спортски карактер и возни својства, впечатлива форма на каросеријата и просторна и луксузна кабина. Тој е првиот сериски автомобил опремен со систем за контрола на функциите на возилото. Покрај тоа, BMW од серијата 6 се одликуваше и со особено безбедна каросериска структура случај на незгода.

bmw 635 csi_2

Златниот волан за класични модели се доделува секоја година во пет категории. Читателите на Auto Bild Klassik гласаат и за откритие на годината, реставрирање на годината и за идни ѕвезди на пазарот на јанг- и олдтајмери. Специјализираното издание на германскиот магазин секоја година на својата читателска публика доделува по еден класичен автомобил. Овојпат тоа е BMW 3.0 Si со 200 КС, четиристепен менувач и каросерија во сина металик боја, којшто цела година се наоѓаше на супертест во Auto Bild Klassik.

Претходна објаваБатериите на електромобилите поевтинуваат, досегот расте
Следна објаваЕлектромобили од Renault-Nissan за климатската конференција во Маракеш

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here