На берлинската полиција ѝ замрзнаа 85 возила

Зимата им донесе непријатни изненадувања и на полицајците во Берлин. Секое четврто службено полициско возило во германската престолнина не можеше да стартува, а еден модел беше особено погоден од проблемот.

Зимскиот студ онеспособи една четвртина од возниот парк на полицијата во германската пресолнина Берлин. Дури 85 автомобили утрово не можеа да стартуваат или имаа проблеми при стартувањето. Причината за овој сериозен проблем уште не е утврдена. Температурите во Берлин утрово достигнаа и до десет степени под нулата.

Студот предизвика најмногу проблеми кај полициските возила од моделот Opel Zafira
Студот предизвика најмногу проблеми кај полициските возила од моделот Opel Zafira

На целата територија на градот, најмногу проблеми имаа службените возила од моделот Opel Zafira, од различни годишта. Полицијата бара објаснување. Службениот парк на полицијата во Берлин е составена од 344 возила, кои полнат гориво на сопствените пумпи на полицијата. Од ноември, на пумпите се точи зимски дизел кој не би требало да замрзне до температура од -22 степени Целзиусови. Во моментов се проверува дали е направен пропуст при доставата на гориво до полициските пумпи. Првите сомнежи беа дека се замрзнати филтрите за дизел во возилата.

Претходна објаваНеколку совети за безбедно возење во зимски услови
Следна објаваGeneral Motors инвестира 500 милиони долари во такси без таксист

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here