Ниту три железнички вагони тешки 108 тони не претставуваат преголем товар за овој Land Rover Discovery Sport. Дури и возилата на британскиот специјалист да не беа докажани веќе одамна, светот пак ќе ги обожуваше само заради овие спектакли.
Land Rover може да послужи и како локомотива, доколку затреба. На железничка делница во должина од 10 километри во северниот дел од Швајцарија, Land Rover Discovery Sport без поголеми проблеми влечеше три луксузни вагони тешки 108 тони. Тоа е 60 пати повеќе од максималната дозволена тежина за влечење од 2,5 тони на верзијата на Discovery Sport со дизел со 180 КС. За подвигот секако дека се најде од помош и полниот арсенал од системи за асистенција на Land Rover: Terrain Response, Tow Assist, Tow Hitch Assist и All Terrain Progress Control – последново е систем за самостојно возење по терен, којшто автоматски ги контролира моторот и сопирачките.
https://youtu.be/l8rQEQAeET8
Тајмингот се погоди со прогласувањето на Discovery Sport за најдобро возило за влеча во класата на тежина меѓу 1.700 и 1.899 килогами, во изборот на неколку британски магазини, како и со изборот на Discovery за најдобар автомобил за оваа пригода во последниве десет години на изборот.
Тежина од 108 тони е еднаква на:
- 143 лондонски телефонски говорници
- 49 африкански слонови
- 10 еурофајтери
- 60 Discovery Sport
- 14 лондонски двокатни автобуси
- 1 Boeing 757-300

Сличен потфат се одвиваше и во 1989 година, со првата генерација на Discovery. Единствената измена на стандардното возило беше додавањето на железнички тркала, коишто служеа само за стабилизирање на возилото по шините. За разлика од Discovery I, новиот модел успеа да го повлече товарот без користење на теренска редукција, само со интелигенцијата на 9-степениот автоматски менувач и на системот All Terrain Progress Control, којшто има функција да постигне максимална тракција при брзина поставена од возачот во подрачје меѓу 2 и 30 km/h.
[FAG id=24858]
















