Тристотини евра за половина час во Jaguar F-Type SVR на Нирбургринг

Фановите на брзото возење имаат можност да го доживеат најбрзиот модел на Jaguar на патеката Нирбургринг – од совозачкото седиште.

Десет евра за секоја минута на совозачкото седиште на најбрзиот сериски модел на Jaguar во историјата. Толку чини задоволството што британската марка со дива мачка во логото им го нуди на сите ентузијасти на Jaguar и на спортското возење. За тристотини евра, сите фанови што ќе се пријават за полчасовна авантура на тркачката патека Нирбургринг ќе бидат меѓу првите во светот што ќе го доживеат Jaguar F-Type SVR и неговите крајни 322 km/h.

Топ-верзијата на брзото купе на Jaguar е подготвена во одделението за специјални возила на групацијата Jaguar Land Rover и поседува петлитарски V8 со 575 КС и вртежен момент од 700 њутнметри. Спринтот до сто километри на час трае помалку од четири секунди.

Пред да започне бркотницата по свијоците и предизвикувачката конфигурација на 21-километарскиот курс на совозачкото седиште, учесниците добиваат тркачки костум и шлем. Исто како на најпредизвикувачките тобогани во светот, доживувањето се овековечува со неколку камери поставени во кабината.

Временските услови на Нирбургринг се непредвидливи и дополнителен зачин на авантурата може да биде испробување на погонот на сите тркала на F-Type SVR на влажна патека. Поранешниот возач во формула 1, Кристијан Данер, раководи со програмата за обука на возачи на Jaguar Land Rover на Нирбургринг и го цени дека „оптимизираната аеродинамика, модифицираното подвозје и посебната калибација на менувачот прават F-Type SVR да биде еден од најдобрите автомобили за доживување на предизвикувачката патека од совозачкото седиште, со брзини до 320 километри на час на правецот Детингер.“

Jaguar ќе го нуди ова единствено искуство во следните 16 викенди, односно до крајот на октомври. Половина час чини 295 евра, деталите може да се погледнат на http://www.nuerburgring-shop.de/fahraction/co-pilot-fahrten/jaguar-co-pilot-nordschleife-dates.html.

Претходна објаваЛажни возила на АДАК „помагаат“ при дефект на патиштата во Србија
Следна објаваМоже ли Land Rover да повлече вагони тешки над 100 тони?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here