Михаел Шумахер се разбуди од петмесечната кома

шумахер, михаел, кома

По повеќе од пет месеци Михаел Шумахер се разбуди од кома и веќе ја напушти клиниката во францускиот Гренобл. Рехабилитацијата ќе продолжи надвор од јавноста.

Откако Михаел Шумахер западна во повеќемесечна кома по тешката незгода на скијање во минатиот декември, рекордерскиот шампион во формула 1 почнува да заздравува. Шумахер се разбуди од кома и веќе ја напушти клиниката во францускиот Гренобл, во којашто се наоѓаше од крајот на декември. Сега почнува „долгата фаза на рехабилитација“, соопшти денес неговата менаџерка Сабине Кем. Шумахер доживеа незгода на 29-ти декември 2013 при скијање на Француските Алпи и се здоби со тешки повреди на главата.

Менаџерката Сабине Кем го напиша следното соопштение за печат:

„Михаел ја напушти ЦХУ Гренобл за да продолжи со долга фаза на рехабилитација. Тој повеќе не се наоѓа во кома.“

„Неговото семејство сака особено да им се заблагодари на сите лекари, негувателки, медицински сестри и терапевти во Гренобл, исто како и на луѓето што му помогнаа на местото на незгодата и кои вложија исклучителни напори во првите моменти.“

„Благодарноста до семејството важи и за сите лица што му испратија желби за заздравување. Тие сигурно му помогнаа.“

„Во иднина ве молиме за разбирање за тоа што неговата рехабилитација ќе продолжи надвор од јавноста.“

Претходна објаваАутомотив Груп го најавува тенискиот турнир Nissan Open 2014
Следна објаваVolkswagen Beetle ќе вози по дините

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here