Секогаш се неодоливи списоците на коишто се гледа колку чини производството на некои уреди. IHS iSupply направи анализа на Apple Watch Sport во најмалата достапна димензија.
Паметниот часовник има најголема маржа меѓу сите нови производи на Apple. Според анализата на IHS iSupply, маржата за Apple Watch изнесува 76 проценти, додека останатите продукти на Apple достигнуваат маржа меѓу 71% и 62%. Секако дека сите овие средства не одат чисто на сметка на Apple, туку со нив мора да се платат и огромните трошоци за истражување и развој на Apple Watch. Со смалувањето на димензиите на компонентите се и усложнува монтажата. Покрај тоа, во трошоците за материјалот во Apple Watch од 83,7 долари не се вклучени производствените трошоци во фабриките на Foxconn. Тие инаку изнесуваат само неколку долари. Доколку наскоро се надмине тесното грло во производството, поради испораката на дефектни компоненти од добавувачите, загубите што Apple ги претрпе со слабата продажба на iPad ќе се компензираат во голема мера со продажбата на Apple Watch. Во продолжение списокот со цените на компонентите во паметниот часовник.

















