Лорд Марч е првиот аматер што се соочил со монструмот од Bugatti

Кога некој британски благородник ужива толкав углед што неговиот автомобилски собир останува во сенка единствено од Брегзит, нормално е тој да ја има и честа прв да го потера хиперавтомобилот Bugatti Chiron по сопствената „тркачка патека“.

Лорд Марч е првиот непрофесионален возач што седнал зад воланот на новиот Bugatti Chiron. Британскиот благородник викендов го привлече целото внимание на автомобилската сцена со одржувањето на традиционалниот Фестивал на брзината во Гудвуд, чијашто еуфорична атмосфера ниту Брегзит не успеа да ја засени.

Хиперавтомобилот со четирикратно турбонатполнење е најбрзиот сериски автомобил во историјата, со крајна брзина од 420 километри на час и забрзување до сто за 2,5 секунди. Монструмот задвижуван од осумлитарски мотор W16 со 1.500 коњски сили, чини околу 2,5 милиони евра и го заменува Veyron 16.4, кој и самиот не беше меѓу побавните автомобили на планетава. Француската благородна марка ќе изработи само 360 примероци од Chiron.

Лорд Марч го опиша неговото искуство во возењето на Bugatti Chiron по ридската патека: „Во поглед на севкупното автомобилско искуство, ова е апсолутниот врв – неверојатна моќ, но неверојатно лесно за возење. Тоа е наплив за сите сетила.“

Претходна објаваШвајцарски студенти со „електричен“ рекорд: 0-100 km/h за 1,5 секунда
Следна објаваMercedes-AMG GT R: Овој е излезен од „Зелениот пекол“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here