Кралскиот автомобил Seat Ibiza

Автомобилот за шпанскиот крал имаше впрскување на гориво и клима уред две години пред истите да се појават во сериското производство

Кралот на Шпанија доживеа пријатно изненадување во Seat. Специјалистите во шпанската фабрика го реставрираа првиот автомобил на Фелипе Шести, Ibiza од 1986 година.

При неодамнешната посета на фабриката во Марторел, Кралот Фелипе Шести имаше пријатно изненадување. Тим специјалисти на Seat под најголема тајност работеше на реставрација на првиот автомобил на шпанскиот крал Фелипе Шести, Seat Ibiza со 1,5-литарски мотор и каросерија бојадисана во златна боја, којашто неговиот татко, кралот Хуан Карлос, му ја подари за 18-от роденден во 1986 година.

Одделението за историски автомобили на Seat имаше напорна работа да го реставрира автомобилот со 152.000 километри, што не бил стартуван повеќе од 16 години. На времето, Seat вгради неколку технологии во автомобилот за кралот, како директно впрскување на горивото и клима уред, коишто беа воведени во сериското производство дури две години подоцна. Најголем предизвик за техничарите на шпанската марка беше работата на поправката на системот за напојување со гориво, поради долгогодишното мирување на автомобилот. Кралската Ibiza сега е вреден дел во збирката од 250 историски автомобили на Seat.

Претходна објаваСовети: Што постигнуваат широките гуми?
Следна објава„Петмилиметарскиот“ Oppo стартува со продажба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here