Кинези ќе произведуваат електрични такси возила во Англија

Во нова фабрика во англискиот Ковентри ќе се произведуваат електричните такси возила под логото на London Taxi. Сопственик на легендарната марка такси возила е кинескиот Geely.

Компанијата London Taxi во сопственост на кинескиот Geely доби зелено светло за изградба на нов административен центар и производствен погон во вредност од 300 милиони американски долари. Во фабрикиот комплекс ќе се применува врвна технологија за истражување, развој и монтажа на електрични возила, вклучувајќи ја и новата генерација на лондонското такси. Освен со производството, центарот во близина на Рагби ќе раководи и со глобалната продажба и маркетингот, како и со координирањето со добавувачите. Компанијата London Taxi стана дел од холдингот Geely пред две години.

Новата генерација на лондонското такси со погон на струја се очекува да се појави во 2018 година. London Taxi е водечки светски производител и дистрибутер на наменските такси возила London Taxi, коишто претставуваат интернационална икона. Компанијата располага со две фабрики, едната во индустрискиот Ковентри, од кадешто привчно потекнува Fairway London Taxi, а втората во Шангај, кадешто се произведуваат возила за извозните пазари. Кинеските сопственици предвидуваат годишно да се произведуваат по 12.000 наменски такси возила.

Претходна објаваHonda HR-V е сериозна закана за Opel Mokka
Следна објаваПремиера на Quantino во Женева: 1.000 километри со 350 литри солена вода

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here