
Вработените во Jaguar Land Rover се закануваат со престанок на работата доколку не се исполнат нивните барања за зголемување на платите.
Преговорите меѓу работните синдикати и Jaguar Land Rover, дел од индискиот Тata Motors, се оддолжуваат веќе со недели. Jaguar Land Rover им понуди на вработените зголемување на платата преку промени во пензискиот и бонусниот систем, што е неприфатливо за синдикатите. Претставниците на работната сила во производителот на автомобили од Велика Британија бараат нивните плати да се зголемат соодветно откако во првата половина од годинава Jaguar Land Rover продаде рекорден број на автомобили и соодветно постигна зголемен оперативен профит.















