Жените паркираат подобро од мажите?

Младоста е брзина, младоста е вештина. Не секогаш. Една студија открива дека постарите возачи паркираат побрзо и подобро од помладите возачи – плус, жените се подобри од мажите.

Студијата спроведена од фирмата за опремување на паркиралишта Apcoa Parking во Германија дојде до изненадувачко сознание: Постарите возачи паркираат подобро од помладите. Истражувањето било спроведено во паркиралиштата во четири поголеми германски градови, со неколку стотици возачи.

На групата на возачи на возраст од 18 до 25 години и биле потребни просечно 22 секунди за паркирање. Наспроти тоа, групата на возачи од 55 до 65 години, паркирањето го завршувала во просек за 15 секунди. Тоа е резултатот што малку кој можеше да го очекува. Сениорите воедно покажале и поголема вештина, гледано според вртењето на воланот, иако разликата со младите возачи тука е помала. Вториве го паркирале автомобилот со 1,8 вртеж на воланот, додека на постарите им бил потребен само 1,6 вртеж.

Во споредба на женските и машките возачи, со просек од 17 секунди жените се значително побрзи од мажите, на коишто им се потребни 20 секунди за истото. За утеха може да послужи тоа што жените повеќе го вртат воланот, односно за 1,62 круг, наспроти 1,5 круг кај мажите.

Користењето паркинг сензори не користи многу, барем во поглед на брзината на паркирањето. Со користење на паничните титкачи, паркирањето трае просечно 21 секунда, а без нив само 15 секунди. Студијата потврди и нешто што е познато веќе одамна: На сопствениците на луксузен автомобил им е потребно повеќе време да го паркираат истиот автомобил отколку на сопствениците на помал и поевтин автомобил.

Претходна објаваЖолтиот пајак се врати во Mazda
Следна објаваТест: Fiat 500L 1.4 16V Pop Star

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here